Синди Крафорд има полни 54-ри години, а сè уште плени со убавината токму како и на почетокот на кариерата. Таа е препознатлива по својата бенка над усната, која стана нејзин заштитен знак.
Иако од најраното детство имала проблеми поради неа, Синди ќе биде запаметена по бенката, што ја направи единствена.
Имено, врсниците често се шегувале на нејзина сметка, така што во еден момент планирала да ја отстрани по хирушки пат, но мајка ѝ ја спречила во намерата.
„Мајка ми секогаш велеше „Знаеш како изгледа бенката, ама не знаеш како ќе изгледа лузната.“ Сега таа стана нешто по кое ќе ме паметат луѓето, а многу жени со бенки се идентификуваат со мене,“ изјави Синди во една пригода.
Оваа американска убавица својата кариера ја започна во 1986-та година а врвот го достигна во 90-те. Беше дел од славната петорка со Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста, кога впрочем и ја заработи титулата супермодел.
Таа украси преку 600 насловни страници на најпрестижни списанија како што се „Вог“ и „Ел“. Сите ја посакуваа во кампањи и во модни ревии – „Шанел“, „Долче и Габана“, „Џанфранко Фере“, „Роберто Кавали“, „Оскар де ла Рента“, „Живанши“.
Синди е првиот супермодел кој се сликаше за „Плејбој“. Четири години беше во брак со актерот Ричард Гир. Денес е во брак со бизнисменот Ренди Гребер со кого има две деца.
Инаку, бенка над горна усна е симбол на привилегиран живот.