Новогодишен гала концерт на МОБ во Велес

Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва (среда, 26 декември) љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската Опера и Балет.

Овој грандиозен музички настан што го организира Општина Велес со поддршка на НУ Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ –Велес ќе учествуват седумдесет членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и балет.

Ќе настапат Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Тие за велешката публика самостојно и во дует ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах/

Влезот за Гала концертот е слободен, а воедно од општината најавија дека со генералниот директор на НУ МОБ, Васе Ристов, со уметничката раководителка на операта Бисера Чадловска и со уметничката раководителка на балетот Олга Панго веќе договориле кон средината на февруари гостување на МОБ во Велес со култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола.

You May Also Like