На денешен ден (30 јануари 1951) во Битола умрел Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што останал да раскажува за тоа што се случувало во Солун во 1903 година.
Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Бил член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада.
Поради несогласувањето со повоената политика на СФРЈ, бил отстранет од политичката сцена.
Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година.