Неодамна, Националната галерија на Македонија започна со реконструктивни зафати на објектот Чифте амам, поврзани со одводот и дренажата на објектот.
При ископувањето вчера беа откриени нови наоди, плоча со натпис на латински, за кои се надеваме дека скоро ќе добиеме информација за што конкретно се работи и од кој период истата датира.