Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска (понеделник, 29 октомври 2012) во 11:00 часот во Штип, во НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Штип“, ќе се обрати на отворањето на новата археолошка поставка.
Новата постојана археолошка поставка содржи 900 експонати кои потекнуваат од периодот на неолитот па се до средниот век, пронајдени на археолошките локалитети: Исар, Баргала, Боров дол, Хидросистемот Злетовица и Плоча.