Не е тајна дека многу мажи не знаат како да се носат со одредени женски особини. Едно истражување го потврди стереотипот поврзан со оваа проблематика, дека мажите навистина се плашат од паметни жени.
Истражување на варшавската Висока школа за економија под водство на Адам Карбовски го потврди овој стереотип.
Карбовски и неговиот тим во експеримент набљудувале 500 испитаници на Универзитетот Колумбија, кои учествувале во така наречените „брзи состаноци“. По секој состанок учесниците морале да го оценат физичкиот изглед и интелигенција на личноста со која разговарале и на крајот да напишат дали повторно би излегле на состанок.
Анализата на експериментот покажала дека мажите на втор состанок би отишле со жена која е повеќе физички привлечна отколку со жена која ја оцениле како многу интелигентна.
Од друга страна, жените ги ценат изгледот и паметот, но тие би излегле на состанок и со маж кој е интелигентен, а не е физички многу привлечен.
На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени експертите нудат едноставен одговор, поради споредба на сопствената интелигенција со интелигенцијата на жената бидејќи тогаш им се буди чувство на несигурност.
„Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а тоа е резултат од моменталната слика во нивата перцепција за самиот себе. Се чувствуваат помалку мажествено кога жена ќе ги надмудри“, стои во заклучокот.
Извор: Кајгана