Коалите гладуваат поради неконтролирана сеча на шума

Заштитници на животините на Австралискиот континент укажуваат дека коалите масовно гладуваат оти луѓето ги сечат дрвјата заради заштита од пожар, уништувајќи го природниот извор на храна на овие животни.

Прифатилиштето за коали на островот Рејмонд, на брегот на сојузната држава Викторија, неделно наоѓаат барем една изгладнета коала. Цела Австралија, посебно Нов Јужен Велс е погоден од екстремни жештини и суша.

На коалите на Рејмонд, кои се хранат главно со лисја од еукалиптус, им се заканува истребување и поради тоа што новодоселениците масовно ги ловат и продаваат поради крзното.

Коалите, според австралискиот закон, се „чувствителни” животни и во дивината ги има помалку од 90.000, а според некои извештаи – само 43.000 единки.

You May Also Like