Почина хрватскиот актер Иво Грегуревиќ

Хрватскиот актер Иво Грегуревиќ, најпознат по главната улога во филмот „Чаруга“, почина на 66-годишна возраст, пренесе утринава ХРТ.

Грегуревиќ е роден во 1952 година, а после завршувањето на средното училиште се запишал на Академијата за драмски уметност во Загреб. На филм дебитирал во 1977 година.

Глумел во филмовите „Не се наведнувај надвор“, „Невреме“, „Осудени“, „Кралска завршница“ (1987), како и во серијата „Вело мисто“.

You May Also Like