Оливија Њутн-Џон почина денеска (8 август 2022) на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката.
Актерката утрово мирно почина во својот дом во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави веста за нејзината смрт на нејзината Фејсбук страница.
Семејството побара наместо цвеќе да се донира за нејзината организација за борба против ракот.
Таа водеше борба со ракот на градите 30 години.
Оливија Њутн-Џон, (родена на 26 септември 1948) е австралиска пејачка, авторка на песни, и глумица родена во Британија. Таа е четири пати добитник на Греми којашто постигна дури пет Број 1 и десет други Топ 10 синглови на Билборд Хот 100 листата и два Број 1 Билборд 200 соло албуми. Единаесет од нејзините синглови (вклучувајќи и два платинести) и 14 од нејзините албуми (вклучувајќи два платинести и четири двојно платинести) се сертифицирани златни од страна на РИАА. Нејзината музика е успешна во повеќе жанрови вклучувајќи поп, кантри, и возрасно современа музика и има продадено 100 милиони плочи низ целиот свет. Глуми заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивудската историја.
Њутн-Џон беше долго време активист за животната средина и правата на животните. Откако преживеа рак на дојка во 1992, таа беше поборник за здравствената свест вклучувајќи се во добротворнии организации, здравствени производи и напори за собирање на финансиски средства.