IN MEMORIAM: Почина Мит Лоф (Meat Loaf)

Познатиот американски пејач Мит Лоф (Meat Loaf) почина денеска, изјавија светските медиуми. Имаше 74 години.

Неговиот албум „Bat Out of Hell“ e еден од најпродаваните на сите времиња. Познат беше по својот легендарен хит и љубовна балада „I’d Do Anything For Love“.

Артистот чие вистинско име е Марвин Ли Адеј, почина денеска (21 јануари 2022), а неговото семејство се огласи во медиумите по тажниот настан:

„Знаеме колку многу ви значеше и ја цениме сета ваша љубов и поддршка додека поминуваме низ сета оваа тага поради загубата на еден инспиративен уметник и прекрасен човек“

Агентот на легендарниот пејач додаде дека неговите ќерки Пери и Аманда, кои биле цело време покрај него и се простиле со својот татко во последните 24 часа од неговиот живот.

Мит Лоф е најпознат по трилогијата албуми „Bat Out of Hell“. Тоа е еден од најпродаваните албуми во историјата на САД, со продажба од 14 милиони примероци.

You May Also Like