Денес (22 јануари 2022), на 66 годишна возраст, почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Валјак.
Александар “Аки” Рахимовски (Ниш, Југославија, 5 јуни 1955 – Ново Место, Словенија, 22 јануари 2022) — македонско-хрватски пејач, познат како фронтмен на рок составот од Загреб “Парни валјак”.
Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни валјак”.
Почивај во мир, легендо! Вечно ќе те паметиме!
фото: wikipedia mk