Што сонуваат децата?

Запознајте ја Адел Енерсен (Adele Enersen), мајка од Финска, која своето бебе го фотографира на необичен начин. На прв поглед ништо чудно, повеќето мајки го прават истото. Но Адел, го слика своето бебе додека спие и си замислува што тоа сонува.

На подот врз ќебенце, кога малата Мила заспива, мајка и ги создава соништата во интересни фотографии, во кои бебето се претвора во астронаут, книжен црв, сурфер…

Креативната Адел, користи материјали кои и се при рака- чорапи, крпи, алишта и играчки.

Бебето Мила сега има 3 години, но фотографиите се правени додека била 6 месеци. Адел на почеток ги објавувала на својот блог, кој има над 4 милиони посетители. Тоа било мотив да ја издаде книгата “When My Baby Dreams“ во јануари 2012. Покасно излегува и втората книга “When My Baby Dreams of Fairy Tales“, каде малата Мила се наоѓа во вистински свет на приказните, во улога на Црвенкапа, Принцезата на зрното грашок и др.

Адел веќе е мајка и на момче, кое за разлика од поголемата сестра Мила, која спиела многу мирно, не е многу по сонувањето 🙂 Но неговите слики се доста енергични и живи…

Двете книги може да се најдат на Amazon и се инспиративен подарок за секоја мајка .

Подготвил: Л.Ѓ.

You May Also Like