Над 700 Македонци и бројна канадска публика во најпознатиот спортски центар во Торонто, Ер Канада центар (Air Canada Centre) ја проследија втората средба помеѓу кошаркарските тимови на Торонто Рапторс и Атланта Хокс.
Натпреварот за Македонците беше нов предизвик за средба со нашиот кошаркарски ас Перо Антиќ, првиот НБА играч чиј што успех се поистоветува со националнен триумф, а оттаму и желбата да се поддржи нашето национално богатство и да се открадне момент кога и македонските бои ќе го преплават видикот и ќе заблескааат на видео бимовите, во и надвор од центарот.
Заслугите за големата македонска посета освен во добрата волја на Македонците слободно можат да се препишат на Македонска Нација од Канада предводена од велешанецот Боне Темелков, координатор и на првиот натпревар што се одржа пред повеќе од еден месец.
Тогаш покажавме, а сега и докажавме дека сме нација вредна за почит и дека знаеме да ги цениме големините што ги имаме, а тоа и светот го препознава.
Одново 28 македонски деца облечени во боите на Македонија, го красеа теренот за време на интонирањето на канадската и американската химна веднаш до Перо и останатите кашаркарски ѕвезди.
За македонскит навивачки феномен се заинтересира и познатиот блогер, новинарот Чарлс Бити од Светскиот Спортски канал (Sport Network ESPN) и блогот Грантленд кој лично дојде во Торонто да напише сторија за Перо и македонските новивачи.
Познатиот новинар беше дел од и забавата која по натпреварот се одржа во еден македонски центар каде што подароци од личната колекција на Перо Антиќ добија неколкумина среќници во извлекувањето на влезниците. Перо покажа извонредна игра за време на целиот натревар иако неговиот тим во последните минути од натпреварот го загуби континуираното водство и го заврши мечот со 86:96 во полза на домаќините.
Заради професионални обврски не можеше да биде присутен подолго меѓу своите во Торонто, но остана доследен на ветеното, ги поздрави и им се заблагодари за поддршката а потоа ги почести и со неколку срдечни, заеднички фотографии.
Од Торонто
Соња Лозановска
Уредник на весникот ,, Македонија’’