Името на добитникот на наградата Астрид Линдгрен, за 2013 е Исол. Исол е илустраторка, графички уметник, автор, писателка, композитор и пејачка.
Родена е 1972 година и живее во Аргентина. Според зборовите на жирито за оваа престижна награда, Исол создава свет, погледнат преку детските очи. Нејзините сликовници треперат од енергија и полни се со емоции, а нејзиниот допринос кон илустрацијата за деца е иновативен, хумористичен и ги поместува границите на класичната илустрација за деца.
Самата таа, Исол, има напишано околу 10-тина авторски сликовници, а соработува и со аргентински писатели, чии дела ги збогатува со свои илустрации. Нејзината работа досега е обајвена во 20-тина држави.
Наградата АЛМА Astrid Lindgren Memorial Award – ALMA , ќе и биде врачена на церемонијата која ќе се одржи на 27 мај, во Стокхолм.
Astrid Lindgren Memorial Award – ALMA, создадена е во 2002 година, после смртта на познатата писателка за деца. Оваа меѓународна награда е одлука на Шведската влада а предводена е од Swedish Arts Council. Наградата се доделува секоја година на еден жив писател, илустратор или промотер на литература за деца, а вкупниот износ на наградата е 5 милиони круни.
Л.Ѓ.