Водечкиот глобален хитмејкер на денешницата DJ Snake на EXIT

Диџеј Снејк (DJ Snake), еден од најпопуларните музички изведувачи на светот и автор на низа најслушани глобални хитови, го потврди својот настап на главната бина на ЕГЗИТ фестивалот, во сабота, 6-ти јули!

Мегахитовите кои ги потпишува францускиот суперстар, како „Taki Taki“, „Lean On“, „Turn Down for What“ и други успеаја да стигнат до вртоглави осум милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања и пет милијарди слушања на „Спотифај“! Најпопуларните светски музичари како што се Лејди Гага, Ед Ширан, Карди Би и Скрилекс се тркаат за соработка со него, а меѓу нив е и Џастин Бибер кој гостуваше на неговата нумера „Let Me Love You“, чии прегледи на видео сервисите веќе достигнаа импресивни 1,4 милијарди!

Неговиот мегахит „Taki Taki“, на кој гостуваат Карди Би и Селена Гомез, за само четири месеци надмина милијарда видео прегледувања, бројка која ниту едно друго видео ја нема достигнато за толкав период! Уште еден рекорд држи со хитот „Lean On“ и групата Мејџор Лејзер, а кој покрај тоа што има повеќе од 2,5 милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања воедно беше и најслушаната песна на „Спотифај“ платформата од нејзиното основање! Популарниот парижанец денес е хедлајнер на најголемите светски фестивали, како што се „Коачела“, „Лолапалуза“, „Тумороуленд“ и многу други, каде неретко се наоѓа како единствениот диџејски хедлајнер во ранг со најголемите групи на денешницата, како „Д Килерс“, „Мјуз“ или „Мигос“! Диџеј Снејк е добитник на две „Билборд“ и една „Ем-ти-ви“ награда, а првата „Греми“ номинација му ја донесе соработката со Лејди Гага на албумот „Born This Way“. Поради овие неверојатни успеси, медиумите го споредуваат со неговиот сограѓанин Дејвид Гета, а кога станува збор за ова градско ривалство, интересно е и тоа што Снејк е првиот музичар во историјата кој со директен пренос настапи на славната Триумфална порта во Париз, додека на Петроварадинската тврдина во Нови Сад доаѓа директно од уште еден настап во Франција, и тоа на тврдина од 17-ти век!

Талентираниот Французин со алжирско потекло го објави албумот „Encore“ во 2016-та година, како и вкупно 23 синглови, од кои повеќето се позиционираа на топ листите ширум светот. Последниот во низата, „Taki Taki“, се искачи на Бр.1 позицијата во дури петнаесет земји, додека дури и после четири месеци е на самиот врв на топ листите во целиот свет, вклучувајќи и во регионот. Омаж на неговиот оригинален музички стил даде и магазинот кој претставува Библија во музичката сцена, „Ролинг Стоун“, наведувајќи дека „Диџеј Снејк ја усовршува својата сопствена отровна, непопустлива, архетипска верзија на бас музика, на која можете да скокате горе-долу“. Диџеј Снејк е дел и од „Пардон мај френч“ (Pardon my French), француски диџејски колектив, и основач на сè повеќе популарната издавачка куќа „Премиер Клас“ (Premiere Classe).

На Петроварадинската тврдина на наредното издание на ЕГЗИТ фестивалот од 4-ти до 7-ми јули ќе зачекорат некои од најактуелните имиња, но и живи легенди на светската сцена, меѓу кои се рок титаните „Д Кјур“, рок бендот за кој моментално најмногу се пишува, Греат Ван Флит, најпознатиот диџеј на сите времиња Карл Кокс, официјално најпопуларниот диџеј тандем Димитри Вегас и Лајк Мајк, хитмејкерите Лост Фриквенсис, Софи Такер и Том Вокер. Тука се и Масео Плекс, Шарлот Де Вит, Борис Брејча. Пеги Гу, Џеф Милс, Амели Ленс, Дакс Џеј, Фил Анселмо, Тарја Турунер, но и плејада други сјајни бендови и изведувачи, од кои голем дел ќе бидат објавени во наредните недели.

You May Also Like