Mанифестaција за културното наследство на УНЕСКО- мартинките

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019″ по шести пат ќе биде отворена на 27 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол” во Скопје.

Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС” и претставува дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство.

Настанот ќе биде отворен до трети март и ќе бидат изложени оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, а постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, визуелизација на мартинките преку археолошки предмети, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019″ се прави со поддршка од Министерството за култура, град Скопје и Капитол Мол под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

You May Also Like