(ВИДЕО) Брука со вториот сингл фаќа „Кривина“

Вториот сингл од албумот на Брука – “До преѓе”, издаден минатата година во декември, насловен како “Кривина” е веќе објавен на Јутуб каналот на Токсикологија мјузик.

“Кривина” или администарцијо моја мила е песна која на хумористичен начин го отсликува македонското битисување во јавната администрација. Музиката и арнажманот е на самиот бенд, додека зад текстот се потпишани и неговите фронтмени Дарко и Жарко Масларковски.

Песната доби и видео спот со кој на сликовит начин низ играта „долга магарица“ е претставен двобојот на народот и ситемот (администрацијата). Исто така, се појавува и куклар со марионета и згодни администартивки.

Оваа песна е само најава за првиот самостоен концерт на бендот кој ќе се случи на 28 мај во Младинскиот Културен Центар – МКЦ, а од Брука најавуваат и нови видеа, како и дигитална дистрибуција на нивното прво издание.

You May Also Like