Трето издание на „Ослободуење на Скопје“ за 13 ноември

„Две Гаражи„ ви претставуе ново издание на „ОСЛОБОДУЕЊЕ НА СКОПЈЕ 3„…

„Поттикнати од лошата музика која се сервира на скопјани, другарите од двете гаражи веќе трета година по ред го организираат единствениот фестивал кој се оддржува на значајниот датум 13.11., денот на кој Скопје се „ослободуе“ од окупаторските сили“, вели организаторот.

„Оваа година како и лани наидовме на разбирање и прием кај Зајче во Олд Скул. Почнуваме во 19 часот со резидентниот диџеј Жолтиман. Оваа година со гордост ви најавуваме два бенда кои се во своите почетоци но звучат како прекалени борци: БИК и Малери. Честа на рапот од Скопје ќе ја бранат Максимус Вандал и Спаски.  ОСЛОБОДУЕЊЕ НА СКОПЈЕ со гордост ви ги најавуе пионерите на скопскиот панк Њу Полис Стејт со свој кус концерт, а вечерта на затворање го имаме Дре прилепски емси и братот Неле Ски со својот најнов проект“, пренесува организаторот.

Картите ќе се продаваат на врата по цена од 200 денари, а ќе измате можност да го поткрепите и братот Грицко во кутијата за донации, која се полни узминатите три години.

Прпславете ги 80 години од ослободувањетпо на Скопје со одлична алтернативна музика.

You May Also Like