По експресно распродадедното шоу што се одржа во ВИП Арената Борис Трајковски на 15.10.2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена, „Филип Втори“.
Стадионот “Филип Втори” за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting.
Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.
„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19-ти декември) во 09 часот наутро, а цените ќе се објават вечерва во 21 часот.
Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti.