На денешен ден (19 август 1952) во Скопје, се роди Ненад Стојановски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.
Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.
Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.
Бил оженет со актерката Силвија Стојановска и имаат две ќерки Ана и Јана, кои денес се исто така актери, како и нивните родители.
Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.
Филмографија
1975 Илинка ТВ-филм Дејан
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1977 Сослушувањето на железничарот ТВ-филм
1981 Лет во место ТВ-филм Михајло
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Ликвидатор ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Лет во место ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм
1984 Дупло дно ТВ-филм
1984 Камчевци ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Од зад грб ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1986 Состојба на инфаркт ТВ-филм
1986 Среќна нова ’49 ТВ-филм
1987 Трета доба ТВ-филм
1987 Смртта на Дантон ТВ-филм
1987 Хај-фај ТВ-филм Матеј
1988 Скопски сновиденија ТВ-филм
1988 Мојсие од моето масло ТВ-филм
1988 Црна дупка ТВ-филм Силјан
1989 Тврдокорни ТВ-серија
1989 Еурека ТВ-серија
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Кирил
1990 До, ре, ми ТВ-серија
1990 Кула вавилонска ТВ-филм
1991 Опстанок ТВ-серија
1991 Болва в’ уво ТВ-филм
1991 Царуга ТВ-филм
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1992 Време, живот ТВ-филм
1992 Сили во воздухот ТВ-филм Миле
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1993 Грев или сприцер ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија
1997 Ojdipus Tiranos Sofocleus ТВ-филм
1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
1998 ТВ Театар ТВ-серија
1998 Збогум на 20-тиот век
1998 Бегство ТВ-филм
1999 Време, живот ТВ-филм
Ненад Стојановски освоил бројни награди:
Награда на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Андреја во претставата Диво месо (Нови Сад, 1980);
Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“, (Прилеп, 1981);
Награда за најдобра епизодна улога на „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
Награда за глумечко остварување на „Војдан Чернодрински“ за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова ’49“ (Прилеп, 1985);
Награда „11 Октомври“ за улогата на Јаков III во претставата „Дупло дно“ (1985);
Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Пиги во претставата “Среќна Нова ’49“ (1986);
Награда од списанието „Дневник“ од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Миле во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989);
Златен медал на Театарските свечености „Љубиша Јовановиќ“, за улогата на Дамјан во претставата „Кула вавилонска“.