Винилно издание на STEEL TEMPLE од албумот NOBODY’S SLAVES издаден лани на ЦД од Miner Records.
Албумот го докажа своето постоење и со балканска турнеја на бендот, а и со освоената награда на Македонските Алтернативни Награди во 2017, како најдобар алтернативен албум на годината.
Промоцијата ќе се одржи утре (сабота, 13-ти Октомври) од 12 часот на пладне во МКЦ на Скопската Винил Конвенција. Историска промоција на првиот македонски метал албум од еден бенд, на винил плоча.