Со концерт на Камерниот оркестар на Битола синоќа (петок, 10 август) во Струмица беа отворени музичките вечери на седмото издание на Струмица опен фестивал.
Камерниот оркестар на Битола пред струмичани на сцената во Градскиот парк се претстави со нивниот проект „Рок Симфонија“. При тоа беа изведени познатите хитови на Deep Purple, Led Zeppelin, Queen, AC/DC, Rammstein, Muse и многу други.
Вечерва на програмата од музичкиот дел на Струмица опен фестивал ќе се случи второто издание на македонско-бугарската турнеја One love. На него ќе настапат Слаткаристика, Некст тајм, Графа, Оратница, Саф саунд систем и Јојо ѕвездичките.