Петочен Стенд ап термин во Сити мол

Почнувајќи од вчера (петок, 23 ноември) па сè до крајот на годината, терминот петок навечер во кафулињата во Скопје Сити Мол е резервиран за настапи на најпознатите стенд ап комичари од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

Љубителите на добрата шега синоќа можеа да уживаат во релаксирана атмосфера во ‘‘Stage caffe” со настапот на Марјан Ѓеорѓиевски.

Ѓеорѓиевски е веројатно најдобриот комичар кај нас кој има повеќе од 100 настапи во земјата, како и надвор. Неговиот последен настап на стенд ап фестивалот предизвика вистински делириум, неговите јутуб видеа достигнуваат и по 300.000 посети.

По Ѓеорѓиевски, предновогодишната атмосфера ќе ја загреваат и нашиот Сашко Коцев, а со својот оригинален хумор ќе настапат и некои од најголемите стенд ап изведувачи од соседните земји.

Сите овие извонредни стенд ап изведувачи ќе ги забавуваат посетителите во кафулињата во Скопје Сити Мол, правејќи атмосфера долична на предновогодишната еуфорија.

You May Also Like