Концерт на TOUT BLEU во Кино Фросина

Концерт на TOUT BLEU на 22 октомври со почеток во  21:00 во МКЦ, Кино Фросина…

Simone Aubert – глас, гитара, дрампад, синтисајзер, Luciano Turella – виола, Beatriz Raimundo – виолончело, ефекти, POL – електроника и семплирање

TOUT BLEU започнува како проект на Simone Aubert, мултиинструмента-листка од Женева, позната по својата работа во Massicot и Hyperculte – бендови кои го дефинираа новиот бран на швајцарската авангардна и DIY сцена. Од истата заедница произлегуваат издавачите и колективите како Bongo Joe Records и Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp кои го поврзуваат експерименталниот звук на градот со пошироката европска алтернативна сцена.

TOUT BLEU ја слават слободата на звукот и просторот без ограничувања и компромиси. Се движат со силен ритмички пулс, хипнотични гудачи (виола и виолончело) и етеричен вокал со надреална димензија што трепери помеѓу шепот и крик. Нивната музика вткајува размислувања за времето, отпорот и колективната свест, создавајќи звучен пејзаж што се протега од кревка акустика и суптилни мелодии до експресивни електронски и пост-панк текстури. На сцената, оваа четворка вибрира како едно тело, истовремено ранливо и моќно, во интимен ритуал што повикува на движење и транс.

https://toutbleu.bandcamp.com/album/otium

Билетите се достапни исклучиво онлајн:

👉 ВЛЕЗНИЦИ

You May Also Like