Како да создадеш гениј!? Методот на Глен Доман

Методот на Глен Доман е погоден за сите деца. Не е добро да ги мешате индиго децата  – тие навистина се раѓаат со способности. Во таа смисла, тие веќе се генијалци. До пред некоја година, родителите не ни помислувале да се занимаваат и да работат со своите деца, додека се мали. Но денес, тоа е реалност. Се повеќе се слуша за јапонската поговорка од Масару Ибука – „после три, веќе е касно“.

Кон крајот на 40-те години на минатиот век, американскиот воен лекар Глен Доман, работејќи во институтот во Финска, почнува да се занимава со деца со мозочни трауми. Заклучоците до кои дошол е стимулирајќи едно сетило, може да се зголеми активноста на цел мозок. Со помош на надворешни методи, тој се обидел да ги стимулира „резервните“ клетки на главниот мозок, но не и болните. За да го фиксира погледот детето, тој почнал да му покажува картончиња со нацртани црвени точки, постепено зголемувајќи го нивното количество, а и интензивноста.  Од точки …следувале заборчиња, слики и.т.н.

Методот успеал. По еден месец упорен труд, мозокот на безнадежните болни деца започнал да работи и се развива. Проучувајќи илјадници деца, Доман тврди дека да научиш едно дете на 1 год. да чита е многу полесно, отколку да научиш петгодишно дете. Тој извод е само за болните деца со кои работел, но методот работи и кај здравите.

Доман докажува дека мозокот расте и се развива само кога е активен т.е. кога работи. И колку поинтензивни се активностите на детето во првите години од животот, толку подобро се равива неговиот интелект. Колку повеќе го мотивирате детето да се движи, толку побргу ќе се развијат двигателниот интелект. Тоа значи, дека бебето уште од рана возраст ќе почне само да лази, да седи правилно и да оди. И колку повеќе вежба, толку подобро ги совладува двигателните навики …на тој начин се развиваат и другите центри од мозокот. Колку побргу се оформи главниот мозок, толку попаметно ќе биде вашето дете.

Во својата пракса Доман, докажува дека човечкиот потенцијал е огромен, дека во најрана возраст децата можат да учат многу брзо. Во неговиот институт “Better Baby Institute”, 2, 3 и 4 годишни деца можат да читаат, сметаат и освен тоа се перфектно развиени физички-пливаат, трчаат и сл. …способностите да творат им се толку многубројни, што самиот Доман ги нарекува Деца на Новата Ера.

Во што се состои методот на Доман?

Главната цел, која тој ја поставува е:

Да се дадат неограничени можности во животот.

За остварување на целта, тој предлага детето само да реши што сака да стане, со тоа што му предлага голем список од можности. Доман вели дека, учењето е ефективно само во периодот кога мозокот расте. А тој расте до 7-7.5 година, но најбргу се развива во првите 3 год. Почнувајќи од тој факт, изработува програма за деца на 3-4 год. Во основата на неговиот метод, е сетилното распознавање. Уште со раѓањето на бебето му се прикажуваат серија од картончиња, со слики на растенија, животни и луѓе.

Според Доман, лингвистичните способности се вродена функција на човечкиот мозок. Новородените деца, лесно го учат јазикот, а како резултат на тоа лесно учат да читаат. Колку се помали децата, толку полесно можат да научат се, кое ќе им биде презентирано на прав начин. Тврдењето дека детето е спремно да учи дури на 5-6 год, е апсурдно.

Обуката со материјали, со состои во тоа што на детето му се покажува картончиња со црвени точки (обично 5 на број) и силно се изговара колку се. Доман не го прикажува апстрактниот знак за цифрата, туку количеството точки, за да може детето реално да го осети. Повеќето деца, кои поминале со оваа програма, по неколку месеци можат да разликуваат 56 од 57 точки.

Методот на Доман, за усвојување на огромно количество информација, е квалитетен и дава резултати и не случајно, во светот има неколку десетици нобелови лауреати, обучени по методот на Доман. Неговите методи за формирање на висок интелект, од апсолутно секое дете можат да направат генијалец.

Во што поточно се состои методот?

Картончињата со зборчиња и точки се покажуваат брзо: само за 1-2 секунди, т.е „часот“ тука е само 5-10 секунди. Потои мислење дека колку побргу се покажуваат, толку побрзо детето успева да ги забележи сите составни разлики. За обука за читање, Доман користи стара англо-германска метода : прикажување и изговарање (озвучување) на целото зборче. Се прикажуваат бели картончиња, напишани со црвени зборчиња. Идеата детето да започне со оваа обука е што е можно побргу, најкасно на 1 год. Кај големите деца се зголемува времето на прикажување и бројот на предмети. Кога наврши 1.5-2 год. детето може да започне да учи странски јазик или да се запознае со современата уметност.

Кога да почнете?

Одговорот е лесен …од самото раѓање. Додека разговарате со бебето тоа го равива слушниот апарат. Може да му соопштувате и визулена информација, со помош на картончиња. Во пракса, децата со интерес ги разгледуваат сликите на плодови, животни, цвеќиња, природа, зборчиња, точки и сл. …доживувајќи ги како игра и можност да бидат близу до родителите. Таков вид на игра – обука, дури и само неколку минути дневно, го стимулира развојот на различни делови од главниот мозок, благодарение на што, детето формира фотографска памет, се развива побрзо од своите врсници и уште со раѓање го открива светот на енциклопедиското знаење.

Да научи нешто ново – тоа според Доман, е најважното и најомиленото нешто за едно мало дете. А задачата на родителите е од самото раѓање да му пружат неограничени можности за развој. Наметнувањето на волјата на родителот, над таа на детото, на неговото ЈАС, е погубна за талентот. Детето со задволство ќе учи и истражува со саати, но доколу родителот предпочита да гледа ТВ, да се занимава со свои активности …детето нема да има што да прави и нема да биде ментално активно.

Многу сериозни анализи во детската психологија го докажале тоа, дека способностите најмногу се развиваат во првите три години од животот, т.е. во периодот на развој на мозочните клетки. Ни едно дете не се раѓа како генијалец, ниту пак како глупак. Се зависи од степенот на стимулација на развој на главниот мозок во тие важни години – од раѓањето до третата. Образованието во детската градинка е неважно.

Ако едно дете се занимава со целосната програма на Доман, порано или покасно неговите родители ќе се изморат. Замислете си колку многу картончиња треба да се изработат и колку пати на ден треба да се покажат? При „предозирање“ постои можност тоа да изгуби интерес. Но ако се занимава детето редовно дури и со помалку од нормалното, можат да се постигнат многу добри резултати. Децата постојано се во потрага со некоја занимација. Основната задача не е подготовка за на училиште, туку подготовка за животот како целост.

Л.Ѓ.

You May Also Like