Предновогодишното стенд ап шоу на Марјан Георгиевски вечерва (среда, 26 декември) во Џубокс. Патување низ деветте круга на пеколниот хумор, со кое ќе добиеме одговор на прашањето дали кај нас дојде крајот на светот.
Најпровокативниот македонски stand up комичар, подготвен да им удри шамар на евтините идеологии и скапите безобразлуци. Марјан, кој нагласува дека за него клучен елемент во stand up комедијата е острата социјална критика, настапува со нов материјал кој нема да ве остави рамнодушни.
Билетите се по цена од 150 денари, а по настапот на Марјан забавата продолжува со одличните Eye Cue.