Вечер (недела, 22 јули) од 20:00 часот во Крушевската чаршија ќе бидат презентирани крушевски специјалитети, а потоа следува и концерт на етно музика.
Во Паркот на Крушевската република угостителите ќе ги претстават специјалитетите специфични за тој дел од Македонија, а од 22:00 часот на плоштадот „Никола Мартиноски“ ќе настапи етно-групата „Чалгија саунд систем“.
Настанот е помогнат од општината и е дел од манифестацијата „Крушево – етноград“, која официјално ќе почне на 26 јули.