Виолинистка Пламенка Трајковска го промовира својот сингл „Бас Бах“

Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска  во радискиот македонски етер го промовира својот сингл под наслов „Бас Бах“.

Композицијата Бас Бах е преработка на бисерот на класичната музика „Токата и фуга во д- мол“ за оргуља напишана  од најдуховниот класичен комозитор  од периодот на барокот Јохан Себастијан Бах.

Јохан Себастијан Бах е познат по тоа што водел црковен живот и свирел на оргуљи, а бил и композитор на црковни и духовни композиции, а токму оваа композиција се смета за негово ремек дело.

Минатиот месец Пламенка го промовираше својот сингл и видео запис за композицијата  со наслов „Пијанист“ и кон крајот на месецот го најавува издавањето на својот албум Апасионато  за македонскиот пазар кој претставува спој на класични теми и модерни музички правци како прогресив транс, техно, рок и други модерни стилови.

Апасионато веке е во продажба на најголемиот он лајн музички дистрибутер ЦД бебе и до крајот на неделата ке биде достапен и на другите музички онлајн продавници како Ајтунс, Амазон и други.

You May Also Like