Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, донесе одлука овогодинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ да му се додели на Оливер Ромевски.
Меѓу останатите свои ангажмани, тој е повекегодишен стрип работник што го искажува како
· автор и сценарист на стрип серијал – ЕКО СТРИП – СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД (30 табли-весник Вест 2003);
· автор – сценарист на 10 стрип албума: Ел Македонеро (1 албум) (46 табли), Супер Тоше(7 броја) (300 табли) и Ловец на Души (2 албума) (92 табли);
· Главен продуцент на стрип-албумот АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ-ЛАВОТ ОД МАКЕДОН 2013.
Досегашни лауреати на ова признание, наречено по прерано починатиот бард на македонскиот стрип се: Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, групацијата „Тајфа арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ , Иванка Апостолова, Киро Донев и редакцијата „Детска радост“. Истото признание како и досега, ќе се додели за време на одржувањето на 10 тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2013“ (средината на месец октомври).
Од оваа година Стрип центар на Македонија – Велес започна со доделување на Специјални признанија за исклучителна помош и соработка дадена на македонскиот стрип. За оваа година лауреати се:
· Фондација Институт Отворено Општество Македонија и фондацијата СОРОС Будимпешта за постојаната поддршка за афирмација и социјална примена на Македонскиот стрип
· Министерството за култура на Република Македонија, За повеке годишната поддршка на македонскиот стрип.
· Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија – сценарист и стрип работник од Лесковац, Србија.
Неговите постојаните контакти со македонската стрип сцена датираат повеќе од една деценија . Неговата исклучителна помош се реализира преку традиционалната балканска смотра на млади автори во Лесковац, Србија (најстара од тој вид во регионот) што голем број на македонски автори го искористија за афирмација, познанства и конкретна соработка со колеги од разни земји.
Тука е и раководењето со стрип проектот „ВЕКОВНИЦИ“кадешто се ангажирани стрип автори од целиот балкан . Последно од таа низа на активности е организирањето на изложба за македонскиот стрип во склоп на претстојната 15 та по ред стрип смотра во Лесковац (месец јуни).