Настап на Пол ван Дајк во паркот „Авионче“ во Аеродром

Пол ван Дајк вечерва (сабота, 31 август) ќе настапи во паркот „Авионче“ покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром. Неговиот настап се очекува да почне во 22 часот, а од 19 часот ќе настапат неколку познати македонски диџеи. При крај на концертот ќе има огномет.

Општина Аеродром е дел од светската турнеја „Music Rescues Me“ на Пол ван Дајк, во чии рамки тој го промовира својот нов албум. Се очекуваат околу 10.000 посетители од земјава и од регионот, кои ќе имаат можност да уживаат во неговите нови хитови.

  • За потребите на овој голем настан ќе биде поставена бина по светски стандарди, надополнета со посебни ефекти, врвно озвучување и уникатно осветлување, кое е карактеристично за настапите на Пол ван Дајк, соопштуваат од Општина Аеродром.

Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера.

You May Also Like