Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2011 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на :
– Тања Вујисиќ – Тодоровска, балетски уметник;
– Ресул Шабани, писател и
– Петар Темелковски, актер.
2. За животно дело во областа на заштитата на вредностите на културно – историското наследство, наградата се доделува на :
– Миле Бошески, советник – библиотекар.
3. За животно дело во областа на стопанството, наградата се доделува на :
– проф. д-р Тихомир Чепреганов, стопанственик.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2011 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот
за државната награда „11 Октомври”
академик Витомир Митевски