Проширување на едукативниот центар Реа во Тетово

На 1-ви јуни, Интернационалниот ден за заштита на децата, Едукативниот центар за деца Реа во Тетово ќе го прослави отворањето на нов објект, лоциран во поранешната зграда на Медицинска пластика на влезот од Тетово.

Тетово
Тетово

Отворањто на новиот објект е помогнато од грант за поддршка на жени претприемачи, доделен на Центарот од страна на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. Прославата ќе вклучува детска претстава и интерактивни семејни активности.

Почесната гостинка Мери Џо Волерс, сопругата на амбасадорот на САД во Македонија, и Ќание Селими, сопственичката и директорката на Центарот, ќе дадат изјави за медиумите во 12:15 часот.

Други значајни гости ќе бидат Ресул Килич, директор на Јахја Кемал – Тетово, Луиза Витон, локален координатор на Обединетите нации, како и претставници од УНИЦЕФ.

You May Also Like