Балканско, а сепак наше

Се случи и оној долго очекуван и веќе подолг период најавуван фестивал, за прв пат во Македонија кој успеа да ги собере сите фанови на хип хоп и r’n’b  музиката на едно место – Мeтрополис aрена. Balkan Hip-Hop фестивал кој ги соедини најдобрите балкански хип хоп артисти во едно.

Стартот на фестивалот беше 22 часот, но присутните беа пред скопскиот саем уште неколку часа пред тоа, со нетрпение очекувајќки да влезат и да го осетат она спектакуларно шоу кое им го приредија изведувачите.  Очекувањата на организаторите се остварија, па Метрополис Арена ја исполнија повеќе од 7000 посетители желни за добра музика и одлична журка, кои неуморни останаа до самиот крај на фестивалот, нешто по 5 часот утрово.

Фестивалот го отвори DJ Гоце САФ , кој добро ја загреа публиката заедно со одличниот водителски тандем Марко и Димитар од Тротоар. После Гоце САФ на сцената се појавија и Гру, Струка и Луд, Цвија и Ана Масуловиќ, бугарите Апсурт и Лора Караџова кои имаа впечатлив настап со помош на атрактивната бугарка и нивното „обезбедување“ -танчерките, по што следеа Токсикологија, DJ Playa, Едо Мајка, Конект и на самиот крај Марчело.

Одличниот Марчело беше она за што присутните останаа до самиот крај, а еуфоријата се креваше се додека Марчело не ги отпеа и последните песни Кита и фантастичната Такав да мирно спава, со што се стави печат на ова случување а на него пишува – Метрополис ноќеска беше центарот на случувањата.

Еве што изјавија дел од изведувачите:

–         Луѓето кои беа на концертот знаат дека Скопје е по мое мислење се лудо и лудо во најпозитивна смисла секој пат кога овде доаѓаме, така што ова што се случи вечерва, навистина не не нешто што би се случило во Загреб, Белград, Љубљана, Сараево, туку само во Скопје. Не дека не сме пробале, но едноставно се нема случено, така да ова е фантастично во секој случај. Ќе ни биде навистина драго да дојдеме пак. Ние работиме постојано  студио и се чувствуваме како деца, го работиме она што го сакаме и сме навистина среќни што македонската публика го прифаќа тоа – изјави Марчело.

–         Во Скопје секогаш се чувствувам одлично. Летово имав настап во охрид и еве ме сега повторно. Да е блиску Скопје би доаѓал многу почесто. Во моментов работам на некои нови хип хоп битови кои ќе бидат презентирани и овде, а работам и со бенд, пишувам сценарија колку да се потполни целосно она слободно време кое го имам – изјави Едо Маајка за cOoLTuRa.mk  и  Студент ФМ.

Доколку сакате да ги слушнете целосните изјави на сите артисти кои ексклузивно ги дадоа за cOoLTuRa.mk  и  Студент ФМ, слушајте ги емисиите Академски граѓанин утре од 22 часот  и Мак топ ритам во четврток со почеток од 16 часот на Студент ФМ 92.9.

Велат “ делата заменуваат илјада зборови” , па затоа и сите оние кои беа дел од овој настан jа знаат вистинската приказна, а сите оние кои го пропуштија ова случување, почнете да ги полните батериите  со добар хип хоп уште од сега за следниот Balkan Hip-Hop & R’n’b Fest Vol.2 .

Христина Панева

You May Also Like