Богата музичка програма на “Вкуси Го Југот – Taste The South” во Гевгелија

Богата музичка програма на второто издание на фестивалот “Вкуси Го Југот – Taste The South” кој ќе се одржи викендов во Гевгелија.

На 13-ти, 14-ти и 15-ти септември, на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов, ќе се оддржи второто издание на фестивалот “Вкуси го југот- Taste The South” во Гевгелија.

На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе ги видиме и слушнеме  Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс, а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Мазларков Диверзија.

Освен богатата музичка програма на фестивалот ќе има поставени штандови со вкусна храна и пијалоци од Гевгелија и регионот, како и домашни уметнички изработки. Не се заборавени ни најмладите, за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал КАЛИНКА.

Вкусете го и доживејте го Југот на поинаков начин, Гевгелија овој викенд е местото каде се спојуваат музиката, храната, пијалоците и секако доброто расположение и забава.

You May Also Like