Почнувајќи од вчера (петок, 08 јули 2011 година) нов филм на репертоарот на Градското кино Милениум. Ви го претставуваме репертоарот за во следните денови:
„ Хана “
Почеток на претставите 20:00 и 22:30
Наслов на филмот: „ Хана “
Наслов на оригиналот: “Hanna“
Жанр: Акција, хорор
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 111 минути
Режија: Џо Врајт
Улоги: Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик Бана
Содржина:
Хана (Ронан) е тинејџерка. Невообичаено за неа е што таа има сила, издржливост и интелегенција на војник; особини на кои ја воспитал нејзиниот татко (Бана) – поранешен агент на ЦИА, во дивините на Финска. Живеејќи живот кој не е типичен за останатите тинејџери, нејзиното воспитување и тренинг се посветени на една единствена цел – да создадат од неа совршен атентатор.
Пресвртната точка во нејзината адолесценција, на која ја испраќа нејизниот татко. Хана во Европа, брзо решавајќи се од агентите испратени по неа од страна на немилосрдниот интелегентен оперативец со свои тајни ( Бланшет). Како таа се наближува кон својата крајна цел, Хана се соочува со изненадувачки откритиа за неа и нејзиното постоење како и со неочекувани прашања во врска со нејзиното потекло.
е мисијата
бешумно патува
„ Свештеник “
Почеток на претставитеoд понеделник до петок 13:00 и 17:30 часот; сабота и недела 15:00; 17:30
Наслов на филмот: „ Свештеник “
Наслов на оригиналот: “Priest “
Жанр: Акција, трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 87 минути
Режија: Scott Charles Stewart
Улоги: Paul Bettany, Cam Gigandet and Maggie Q
Содржина:
Пост-апокалиптичен научно фантастичен трилер сместен во еден друг свет, свет во кој со векови трае крвава војна помеѓу луѓето и вампирите. Приказната се одвива околу легендарниот Воин Свештеник (Пол Бетани) од минатата Војна со Вампирите кој сега живее повлечено во еден од малите градови со високи ѕидини, контролирани од црквата. Кога неговата внука ќе биде киднапирана од една банда на вампири, Свештеникот го прекинува својот свет завет и тргнува во потрага по неа пред тие да ја претворат во една од нив. Му се придружуваат момчето на внука му (Кам Гигандет), млад локален шериф-пиштолџија и поранешна Свештеничка (Меги Кју) која познава натприродни борбени вештини.
„Концертот“
Почеток на претставите Европски филм
Од понеделник до петок во 15:00 часот
Наслов на филмот: „ Концертот “
Наслов на оргиналот: “The Concert “
Жанр: Драма
Земја на потекло: Романија
Времетраење на филмот: 119 минути
Режија: Radu Mihaileanu
Улоги: Aleksey Guskov, Melanie Laurent и Dmitri Nazarov
Содржина:
Пред 30 години, Андреј Симониович Филипов, познатиот диригент на Бољшојскиот оркестар е отпуштен заради вработување на еврејски музичари. Сега како чистач, тој случајно дознава дека театарот “Шатлет” од Париз го поканил Бољшојскиот оркестар да настапува во Париз. Тој решава да ги соедини поранешните членови и да настапува на местото на Бољшојскиот оркестар. Како соло- виолинист кој ќе го придружува неговиот состав од Евреи и Цигани тој го посакува младиот виртуоз Ана Марија Шаке. Ако ги надминат сите маки, овој концерт ќе биде голем триумф за нив.
„ Мечето Вини“
Почеток на претставите
Сабота и Недела:11:00; 13:00
Наслов на филмот: „ Мечето Вини“
Наслов на оригиналот: “Winnie the Pooh”
Жанр: Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 69 мин.
Режија: Stephen J. Anderson, Don Hall
Улоги: Jim Cummings, Craig Ferguson и John Cleese
Содржина:
Едно утро мечето Вини дознава дека нема веќе мед. Кога ќе излезе во потрага по мед, тој го пронаоѓа магарето кое што си ја загубило својата опашка. Вини и магарето бараат помош од бувот за да ја пронајдат опашката. Кога тоа ќе го дознае Кристофер Робин тој веднаш ќе одржи натпреварување за да му се направи нова опашка на магарето и победникот да биде награден. Следниот ден, кога Вини оди да го посети Кристофер Робин тој пронаоѓа порака во која пишува “Bizy. Back Soon”. Неможејќи да ја прочита, Вини го замолува бувот да им ја прочита пораката на животните. Тој погрешно ќе ја дешифрира пораката и така сите ќе бидат убедени дека Кристофер Робин бил изеден од свирепо суштество по име Бексон. Животните прават стапица за да го уловат Бексон, но тие самите се заглавуваат во неа. Во меѓувреме тигарот го подучува магарето за да стане како него, но магарето му објаснува дека чудесната работа кај тигрите е тоа што тој е единствениот. Прасето се обидува да ги извади животните од замката, но не успева бидејќи е многу исплашен. Вешто, мечето Вини ќе ги искористи зборовите од книгата со приказни за да направи скала така што сите ќе можат да се извлечат. Подоцна, мечето Вини го посетува бувот и дознава дека тој ја зел опашката и ја користел како јаже за ѕвончето на неговата врата. Наместо да седи и јаде мед кај бувот, Вини веднаш оди кај магарето. Кристофер Робин, горд на добрите постапки на мечето Вини го наградува со сад полн со мед.
_________________________________________________
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.
Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ.