Денеска ( 28 март 2013 ,четврток) во 20:00 часот во хотел „Континентал“ во организација на Агенцијата „Марили“ – Скопје ќе се одржи 17. по ред Манифестација „Избор на 10 најуспешни жени менаџери за 2012 година“.
Целта на Манифестацијата е да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во областа на бизнисот. Успешните менаџерки се од најразлични области и дејности во економијата и се избрани според утврдени критериуми.
Во рамките на Манифестацијата свое обраќање ќе има министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска. Почесен гостин на Манифестацијата е и г-ѓа Маја Иванова, Сопруга на Претседателот на Република Македонија.
За 2012 година најуспешните десет жени менаџерки се:
• г-ѓа Нина Ангеловска, генерален менаџер, Принц Маркети – Скопје
• г-ѓа Радмила Чобанова-Василевска, менаџер на сектор за контрола на квалитет, Бимилк – Битола
• г-ѓа Ана Велковска, генерален менаџер, Канди шпед – Скопје
• г-ца Радмила Димовска, генерален менаџер, Круна МС – Скопје
• г-ѓа Емилија Зографска, менаџер во оддел за односи со јавност, ONE – Скопје
• г-ца Славица Илијеска, генерален менаџер, ресторани Македонска куќа – Скопје
• г-ѓа Силвана Петровска, менаџер за QPS и инженеринг на трошоци, Вабтек МЗТ АД – Скопје
• г-ѓа Лидија Станчевска, генерален менаџер, Нет Прес – Скопје
• г-ѓа Шпреза Цапа, извршен менаџер, АД Дебарски бањи – Цапа
• г-ца Драгана Чифлиганец, извршен менаџер, АДОРА Инженеринг – Скопје
•Специјално признание за истакнат естраден уметник ќе и биде доделено на г-ѓа Есма Реџепова, по повод 55 години творештво.
Промоција ќе има и новото издание на Бизнис каталог на Република Македонија – 2013, збогатено со нови содржини. На Манифестацијата свој настап ќе има младата виолинстка Ева Богоевска, а целиот настан ќе биде заокружен со модна ревија и коктел.
Модната ревија е подготвена специјално за оваа прилика со приказната за „Малата бела кошула“ дизајнирана од Снежана Јаначкоска-Богдановска. Моделите се изработени од модната конфекција „Албатрос“ од Штип.