Keith Murray во недела во клубот Хавана

Во недела на  1-ви април, со почеток во 21:00 часот, во клубот Хавана – за првпат на овие простори настапува култниот њујоршки рапер Keith Murray. Заедно со Redman (неофицијално 11-тиот член на  Wu-Tang Clan) и Erick Sermon (EPMD) познат е како член на легендарната рап состав Def Squad. Keith Murray ја поздрави својата публика и вети незаборавен концерт.

Како поддршка на концертот на Keith Murray ќе настапи и Приземје екипа. Цена на влезници – 300 денари во претпродажба, 400 денари на врата.

За девојки со маски клубот Хавана обезбеди бесплатен влез, а за машките кои ќе се појават со маски цената на влезницата на самиот ден на концертот останува 300 денари.

Влезници во претпродажба во продажната мрежа на MKTickets.

_______________________________________________

 

38-годишниот Кит Мари својата каријера ја започнува на Long Island, New York, како MC Do Damage, за да во 1993-тата година биде повикан како гостин на соло албумот No Pressure на Erick Sermon. Од тој момент започнува неговата импозантна кариера на еден од најкреативните рапери на сите времиња. Во исто време потпишува за мејџор етикетата Jive Records (куќа за која издаваат, помеѓу останатите и Justin Timberlake и Britney Spears. Деби албумот од 1994. година The Most Beautifullest Thing in This World му го носи планетарниот успех со над пола милион продадени примероци.

Угледниот магазин The Source тогаш на албумот му дава неверојатни 4 mics. Неговиот нареден албум Enigma (1996, Jive Records) не предизвикува таков комерцијален успех како дебито. Меѓутоа, неговата матичната дружина Def Squad наскоро ја преработува познатата “Rapper’s Delight” од Sugarhill Gang, која преработка ќе биде вовед во албумот El Niño. Наредниот албум It’s a Beautiful Thing, реализиран за времето додека тој беше во затвор поради тепачка во кафе-бар во New Britain, CT. Неговиот камбек на сцената е во 2011. година со незаборавните стихови во “Fatty Girl”, сместена на компилацијата The Good Life, песни снимени за Fubu.

Неговиот петти албум Rap-Murr-Phobia, како и синглот “Nobody Do It Better” featuring Tyrese & Junior светлото на денот го виде на 31. јули 2007. година и веднаш се најде на топ листата U.S. Billboard 200 со продадени 13.000 копии веќе првата недела. Во исто време, Кит гостува со вокали на “Elektrobank” на The Chemical Brothers од нивниот албум “Dig You Own Hole”. Во 2008 година беше реализиран Intellectual Violence албумот кој докажа дека е еден од најголемите вербални таленти и уметници на раскажувањето на денешната рап сцена. Оваа година сме во исчекување на неговиот најнов албум The Beauty of it All, заедно со дружината Redman, Erick Sermon, Mary J. Blige и многу други. Продукцијата ќе биде во рацете на Erick Sermon, Dj Premier, Kay Gee и Rock Wilder. Седумте албумски изданија го претставија Keith Murray како еден од најинтелигентните lyrics мајстори на сцената.

Приземје екипа е рап група создадена во 2009 година, а во неа се Мики, Марио и Dj Irie Scratch. Најпрвин Мики Миноски и Марио Мелески како соло артисти доаѓаат до идеа да ја формираат оваа група, на којашто подоцна се приклучува и Дарко Андонов (Dj Irie Scratch) и тројцата заедно започнуваат да соработуваат, секој со свој удел во екипата. Нивното матично студио е Приземје продукција. Настапувале низ повеќе клубови во Македонија, а соработувале со повеќе познати артисти од регионот – Fam Dada (Србија), Renato (Словенија), Kontra Napad, Dudo, Marko (Svp), Ago (Темната страна) и други. Во моментов работат на нивниот прв албум ”Во рамки на реалност” кој се очекува да се појави наскоро, а најавата за истиот е нивниот прв спот ”Директно од Приземје”.

You May Also Like