Натпревар „Млади библиотекари“ во Битола

Денеска (среда, 03 октомври, 2012 година) со почеток во 11:00, НУУБ „Свети Климент Охридски“ часот го организира традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи во просториите на Библиотеката.

На натпреварот ќе земат учество 15-мина учесници од основните училишта од Битола, Новаци и Могила.

Победникот на натпреварот се стекнува со право да учествува на 13-от Републички натпревар на „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во библиотеката “Браќа Миладиновци“ во Скопје.

You May Also Like