Писателката Оливера Николова со романот „Куќичка“ ќе биде македонскиот кандидат за книжевната награда „Балканика“ за 2011 година.
Одлуката ја донесе стручно жири во состав Елизабета Шелева, Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски. Романот „Куќичка“ е во издание на „Блесок“.
Изборот на книгата што ќе ја добие „Балканика“ за 2011 ќе се одржува меѓу 6 и 9 декември во Велико Трново во Бугарија. Учествуваат претставници од седумте земји членки на Фондацијата „Балканика“: Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Турција и Романија.