Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“ во Општина Илинден

На 2 мај (четврток), во периодот од 09 до 14 часот во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден ќе се одржи традиционалната 7-ма по ред Манифестацијата со наслов „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”.

Ова е oригинална и единствена манифестација која што ги опфаќа образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата.
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден во Домот на култура „Илинден“ ќе бидат изложени 2013 украсени Велигденски јајца во знак на Двеилјадиитринаесето лето Господово, што ќе се подарат на секој посетител што ќе подари книга.

Подарените книги ќе бидат наменети за првата „Општинска библиотека Илинден“, со што ќе го збогатат библиотечниот фонд со нови содржини кои ќе ги надградуваат знаењата на студентите и учениците во Општина Илинден.
Во изминатите шест години, благодарејќи на оваа манифестација собрани се над 18.000 книги кои ги збогатија училишните библиотеки во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“ во Општина Илинден.

You May Also Like