„Хаос во куќата – старците доаѓаат“ од денеска во Синеплекс

Комедијата „Хаос во куќата-старците доаѓаат“ говори за баба и дедо кои доаѓаат да ги причуваат своите внуци и чии воспитни методи од „старата школа“ предизвикуваат хаос. Филмот ќе се најде на редовниот репертоар на киното Cineplexx од денеска (четврток, 10 јануари).

Били Кристал и Бет Мидлер се бабата и дедото, додека улогата на ќерката која мора да работи ја толкува Мариса Томеј. Бидејќи бабата и дедото многу брзо се откажуваат од инструкциите, децата ќе имаат можност за прв пат во својот живот да пробаат торта и да си играат со пиштоли на вода, но и да донесат некои важни животни одлуки.

За режисерот:
Енди Фикман е амерички режисер и сценарист, кој стои позади голем број на семејни комедии. Покрај филмовите, Фикман се занимава и со театарска режија. Првиот долгометражен филм го снимил во 2001 година, а во неговите најпознати остварувања се вбројуваат: „Повторно ти“ и „Трка до планината на вештерките“.

You May Also Like