Конкурс за најдобра филмска критика на Синедејс

Оваа година, 13-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS, ќе се одржи во периодот од 13  – 22 ноември, 2014 година.

writing

Поради успехот на минатогодишната иницијатива со конкурсот на филмска критика, така и оваа година, во рамките на овогодишното издание на фестивалот, повторно е објавен конкурс за најдобра филмска критика.

Организаторите информираат: „Конкурсот е од отворен карактер, добредојдени се сите млади кои би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз а се на возраст до 35 години.
Текстовите не би требало да се подолги од една страна односно повеќе од 70тина реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум до 3 рецензии.
Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, Официјалната селекција како и селекцијата Cine Balkan.
За пријавување, ве охрабруваме да испратите електронска порака на нашата e-mail адреса: contact@cinedays.com.mk за што очекувајте скор одговор за вашето пријавување“ – велат организаторите на Синедејс.

You May Also Like