Вчера, (сабота, 17.03.2012 година) беа објавени наградите на 16-тото издание на филмскиот фестивал Sofia International Film Festival, каде што македонскиот филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски, освои награда од публиката.
Филмот беше прикажан во Балканската конкуренција (Balkan Competition). Ова е вкупно десеттата награда на филмот „Панкот не мртов“. Минатата недела тој беше надраден и во Чешка на Меѓународниот фестивал „Синема мунди“.