Традиционален концерт на „Скопските солисти“

Вечер (вторник, 8 јануари, 2013) во 20:00 часот во Универзалната сала, концерт ќе одржат „Скопските солисти“. Екслкузивни гости се нашиот тенор со светско реноме Благој Нацоски и сопранот Марчела Осати Таламан од Италија.

На програмата на ова 12-то издание на концертот на квартетот се дела од Бизе, Респиги, Хендл, Штраус, Моцарт, Шуберт, Адам и Грубер.

Концертот е под диригентска палка на гостинот од Италија Алесандро Д Агостини, кој на македонската публика и е познат како редовен гостин на сцената на Македонската опера и балет, а ова ќе биде негово прво гостување кај „Скопските солисти“. Тој посебно за овој концерт ги подготви и аранжманите за изведбата на суитата на Кармен од Бизе.

Концертот на „Скопските солисти“ се одржува во соработка со Универзална сала, под покровителство на Министерството за култура и е поддржан од Град Скопје, како и од повеќе традиционални спонзори.

You May Also Like