„Меѓународниот ден на лицата со хендикеп“ со бројни културни манифестации

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска (понеделник, 3 декември 2012) во 10:00 часот ќе го посети Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје и ќе присуствува на приредбата подготвена за  одбележувањето на овој ден.

Во текот на посетата министерката за култура на учениците од ова училиште ќе им подари примероци од каталогот за Музејот на македонската борба за државност и самостојност отпечатен со Брајово писмо, друга литература и ЦД и ДВД од фестивалот „Златно славејче“.

Исто така во 12 часот деца од посебното основно училиште „Златан Сремац“ заедно со министерката за култура ќе го посетат Театарот за деца и младинци и ќе  ја проследат театарската претстава „Алиса во земјата на чудата“ од Васил Пујовски.

You May Also Like