Дваесет и седмото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ ќе се одржи на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври. Останаа уште неколку празни места и композиторите и дебитантите кои сакаат да испратат своја нумера можат до крајот на месецов да се пријават на официјалната и-мејл адреса info@makfest.com.
Покрај новизбраниот уметнички директор Робер Саздов, новитет исто така е и преслушувањето на рефрените на радио станиците и телевизиите кои се медиумски покровители на фестивалот. Со тоа, гледачите и слушателите ќе можат делумно да изберат свој фаворит за кој ќе можат да гласаат во деновите на одржување на фестивалот. Песните кои ќе бидат изведени ќе бидат објавени и на официјалниот сајт на фестивалот www.makfest.com веќе од средината на месец јули.
Новина е и најавениот радиопренос на една од националните мрежи, а во септември, на Канал 5 телевизија на која ќе се врши и директниот пренос на „Макфест“, ќе започне специјална емисија посветена на фестивалот. Таквата промоција на годинашните учесници им можност да ги придобијат гласовите од публиката која потоа ќе ја одбере најдобрата песна на фестивалот.
Организатори на Макфест се „Нова Икс Идеја“.