„Кинг Фу Панда 2“ во Летното кино

Вечер (петок, 20 јули) во 21:00 часот во рамките на Нескафе киното во Забавниот парк Луна ќе биде прикажан анимираниот филм „Кунг Фу Панда 2“.

 

Подгответе се за враќање на бестрашноста: Пандата По се приклучува кон новата група кунг-фу воини за да му се спротивстават на новото смртоносно оружје на старите непријатели…

Анимираната семејна авантура „Кунг Фу Панда 2“ трае 91 минутa. Режијата е на Џенифер Ју, а гласовите ги позајмуваат: Џек Блек, Анџелина Џоли, Дастин Хофман, Гери олдмен, Џеки Чен, Сет Роџен, Луси Лиу.
Награди: номинација за Oскар за најдобар анимиран филм, 7 награди ЕНИ (од 12-те номинации за анимираните филмски награди).

You May Also Like