Издавачката куќа „Сандроф“ од Загреб го објави романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, во превод на проф. Д-р Борислав Павловски.
„Дваесет и првиот“ е објавен во едицијата „Авантура“ во која досега хрватскиот издавач ги објави прозните книги на Срѓан Ваљаревиќ, Роберт Перишиќ, Дамир Каракаш, Алја Терзиќ, Јуриј Худолин.
Авторот Османли е претставен и со биографија во која е подвлечена разновидноста на неговиот творечки опус и податокот дека книгата ја доби наградата „Роман на годината“ во Македонија.
„Дваесет и првиот“ се појави во 2009 година во издание на „Блесок“ од Скопје и досега има две изданија на македонски јазик. Во 2010 беше македонски кандидат за меѓународната книжевна награда „Балканика“.
Романот на Османли на хрватски јазик ќе биде промовиран овој месец во Загреб.