Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Гостивар. На 28 септември, пред храмот Св.Ѓорѓија во селото Дебреше, Гостиварско, ќе настапат осумина поети, членови на ДПМ.
Ова е шести поетски караван од циклусот „Почуствувај ја Македонија со шестото сетило“ и почетокот е закажан за во 12:00 часот прд храмот Св Ѓроѓија во Дебреше. Гостиварско каде со своја поезија ќе учествуваат:
– Александар Кујунџиски
– Викторија Силјановска
– Кочо Топузоски
– Олга Панкина
– Славица Дабевска Кировска
– Вера Стојчевска Антиќ
Програма на овој настан ќе биде збогатена со:
– Проф. др. Катерина Петровска Кузманова со кратко предавање на тема поврзана со проектот
– Проф. др. Вера Стојчевска Антиќ со осврт на животот и делото на Ѓорѓи Пулески
– Мите Грозданов со изведба на монодрама
– Оперската певица Серафина Фантаузо со изведба на „Ave Maria“
– Музичкото дуо Signature составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара
– Уметничка изложба на Дана Крстеска
– Рецитал од Анте Поповски изведен од младата Наде Матеевич
– Хор при средното училиште „Панче Попоски“ од Гостивар
– Leetiv Namdag Janchivin од Монголија со свој рецитал
Во неофициалниот дел на програмата ќе се престават и поети кој не се дел од Друштвото на писатели на Македонија Елизабета Питулкова, Милена Јовановска и Љупка Антеска
Во карванот на Друштвото на писателите, во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите, до сега учествуваа 37 поети од различни генерации.
Карванот започна на 22 јуни во Дебар, потоа се одржа во Охрид, Прилеп, Штип и Битола,а сега, преку Гостивар, ќе продолжи низ повеќе градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Неготино, Струмица и Виница. Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.