„Големиот Гетсби“ во Синеплекс

Утре (четврток, 16 мај 2013) премиерно ќе биде прикажан римејкот на истоимениот филм од 1974, „Големиот Гетсби“ овој пат во режија на Баз Лурман. Премиерата е закажана за 21:00 часот, а на во 20:00 часот ќе и претходи тематската вечер насловена „Џез ера во Cineplexx“ каде ќе настапи бендот Летечки Пекинезери.


Во својата адаптација на култниот роман на Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“, режисерот Баз Лурман го комбинира својот претпознатлив музички и визуелен стил на раскажување. Ник Канавеј, нараторот на приказната, а во филмот креатор на книгата за Големиот Гетсби, го опишува својот сосед кога го запознава откако ќе се досели во Њујорк.

Случувањата во романот се сместени во дваесетите години од минатиот век. „Тоа е книга која најлесно се претвора во филм. Долго размислував за тоа дека морам да ја екранизирам“, изјавува режисерот Баз Лурман. Првиот чекор во овој процес е добивањето права за адаптација на книгата, а потоа одбирањето на глумецот кој најдобро ќе го отслика Џеј Гетсби.

Долго време во тајност работев на припремите на филмот. Но цело време знаев на кого треба да му припадне таа улога. Тоа воопшто не беше тешко. А, зошто? Затоа што е комплетна личност, одличен глумец, романтичен, гламурозен…

Леонардо ДиКаприо кој веќе соработувал со Лурман на филмот Ромео и Јулија, бил негов очигледен избор за насловната улога. „Ја прочитав книгата уште во средно училиште и навистина ме допре приказната“, изјавува ДиКаприо и додава: „а следниот пат ја прочитав кога Баз го донесе сценариото. Беше тешко, бидејќи голема е одговорноста да се направи незаборавен филм, кој засекогаш ќе биде поврзан со еден од најголемите романи на сите времиња“.

Романот го открива светот и приказната за Њујорк, за градот кој според  Фицџералд создава лажен сјај, но тоа е и приказна за градот во кој овој писател ја пронашол инспирацијата за својот труд.

Режија: Баз Лурман
Сценарио: Вил Биол, Пол Либерман
Улоги: Леонардо ДиКаприо, Кери Малиген, Тоби Мегваер, Џоел Ејџертон
Жанр: Драма

 

You May Also Like